Ѕвездата на Реал Мадрид Дани Себалјос, поради лекарска грешка можел да ја заврши фудбалската кариера. Овој 25-годишен играч играл за олимписката селекција на Шпанија во Токио, и доживеа тешка повреда на дуелот со Египет. После еден остар старт, Себалјос добил скршеница која лекарите не ја откриле.
На крајот се воспостави дека поради таа погрешна проценка можело да му биде завршена кариерата.
„Тоа беа најлошите пет месеци во мојот живот. Зглобот не го чувствував. Финалето пробав да го играм затоа што лекарите ми даваа погрешна дијагноза. Ми кажаа дека ми е оштетен лигаментот, и дека за 2-3 недели ќе бидам здрав. Кога стигнав во Мадрид се покажа дека ми е пукната коската која ја носи тежината на телото. Да играв уште 20 минути, тоа би било крај на кариерата. Веќе никогаш немаше да заиграм фудбал. Опоравувањето беше скапо. Имав третмани во Барселона, работев со неколку луѓе. Веќе немам никакви траги на повредата и благодарност до сите кои ми помогнаа“, рече Себалјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА