Лекарите одлучија: Нено Димитријевиќ не патува за Талин

Македонската кошаркарска репрезентација нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ за престојните натпревари против Италија и Естонија. Играчот на Хувентуд, кој беше позитивен на коронавирус, беше неизвесен за настап уште од самиот почеток на припремите, а по вчерашните медицински прегледи во Скопје, и официјално, нема да го видиме во Талин.

„По вчерашните детални прегледи кои Ненад Димитријевиќ ги направи во клиниката ‘Жан Митрев’ во Скопје, препораките на медицинските лица кои ги реализираа, се дека дека во овој момент, тој не е во можност максимално да тренира и да се натпреварува, и да одговори на барањата и пред сè, напорите кои со себе ги носат патувањето до Талин, тренинзите и одигрување на два натпревари во така краток временски период. Особено што, како што потенцираа докторите, Димитријевиќ се враќа по прележувањето на вирусот Covid-19,  а поради кој мораше да има дополнителен лекарски, односно болнички надзор во период од две недели“– појаснува спортскиот директор на нашите национални селекции, Тодор Гечевски.

Здравјето на нашиот млад репрезентативец е пред било кој настап, тренинг или играње на некој натпревар.

„Од тие причини, а првично, пред сè, поради здравјето на Нено, нормално и во интересот на македонската репрезентација, иј дел треба да биде во наредните 10-15 години, ние како раководен тим во федерацијата, заеднички одлучивме дека тој не треба да патува. Туку дека под лекарски надзор, полека треба да им се враќа на оние нормални спортски, кошаркарски активности, за да дојде во ситуација повторно да биде оној што беше пред да дојде во ваква ситуација која ја предизвика коронавирусот. Да тренира и игра најдобро што знае и умее“– потврдува Гечевски за оправданото отсуство на младиот бек од турнирот во Талин.

Се вчитува...