Една добра и една лоша вест за Челси пред патувањето во Мадрид

Челси тргнува во невозможна мисија да брка два гола негатива против Реал среде Мадрид, а лондонските „сини“ имаат дополнителен проблем бидејќи на утрешниот реванш нема да можат да сметаат на својот најскап напаѓач, Ромелу Лукаку. Белгиецот има повреда на петата, поради која не играше ниту во саботата на дуелот против Саутемптон во победата од 0-6.

Лекарскиот тим на Челси се обидуваше да го оспособи голгетерот за настап на „Сантијаго Бернабеу“, но екс-фудбалерот на Интер и на Манчестер Јунајтед ја загуби трката со времето. Лукаку играше во второто полувреме на првиот меч против „кралевите“ и имаше огромна шанса за гол, но не ја реализираше. Фудбалерот, кој го чинеше клубот 98,5 милиони фунти минатото лето воопшто не ги покажува игрите, што се очекуваат од него како најскап трансфер во клупската историја.

Добра вест за „сините“ е што во тимот се враќа Цезар Азпиликуета, откако шпанскиот дефанзивец се опорави од коронавирусот и ќе биде во комбинација од првата минута во Мадрид.

Се вчитува...