Лекиќ: Бајката завршува, и не на начинот на кој јас посакував!

ЕКИПА во Будимпешта, 

Билјана Б. Петрушева, Кристијан Димевски

Вардар не успеа и во својот последен обид. Се бореа „црвено-црните“ девојки храбро, но, како и лани, загубија со еден гол разлика (26-27) по продолженија од европскиот првак Ѓер, кој успеа да ја одбрани шампионската титула.

Андреа Лекиќ и во болниот пораз, најде храброст за изјава во свој стил.

„Ми беше чест да играм за Вардар во овие пет години. Тагата не можам да ја опишам. Нема зборови за тоа. Во натпреварот, не бевме доволно добри по 60. минути. Промашувањето на Андреа Чанаџија во последниот удар никој не смее да и го забележи. И таа сакаше да даде гол. Многу сум тажна. Оваа убава приказна и бајка завршува, но не на најдобриот начин, оној што јас го посакував. Ќе ми недостасуваат Скопје и Македонија. Немам зборови“, изјави разочарано Лекиќ.

Се вчитува...