Лекиќ: Финале не се игра, финале се победува

EКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Андреа Лекиќ извонредно раководеше со нападот на „вардарки“, помагајќи се да функционира беспрекорно и по трите полуфинални порази во низа Србинката конечно стигна до триумф во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта. Задоволството е огромно, а Лекиќ и самата истакна дека ова најверојатно беше најдобриот меч на „црвено-црните“ откако таа е дел од македонскиот првак.

Ова беше феноменално. Беше прекрасно да се игра денеска, одигравме неверојатен натпревар од почеток до крај, доминиравме и не дозволивме пласманот во финалето во ниту еден момент да ни биде доведен во прашање. Го сочувавме мирот, покажавме и квалитет и искуство и оваа победа е апсолутно заслужена. Не знам што би додала, денеска е чест да се биде дел од Вардар и да се носи овој црвено-црн дрес“ – истакна Лекиќ.

Српската репрезентативка дојде во Вардар токму од редовите на Ѓер, тим со кој веќе ја има освоено титулата во ЛШ и знае што е потребно за да се искачи на врвот на европскиот ракомет.

Сон на секоја ракометарка е да игра финале во ЛШ. Не треба да се преоптоваруваме, сега малку ќе одмориме, а потоа ќе се подготвиме најдобро што можеме за тој меч за титулата. Знаете како велат, финалињата не се играат, тие се победуваат и ние сигурно ќе дадеме се од себе. Ќе биде исклучително тешко против Ѓер, но денеска ја одигравме можеби најдобрата партија откако сум јас дел од Вардар и тоа ни дава право да бидеме оптимистички расположени“– порачува Андреа Лекиќ.

Се вчитува...