Леклер победник на првата Ф1 трка во Бахраин, еден-два победа за Ферари

Возачот на Ферари, Шарл Леклер е победник на првата трка во новата сезона на Формула 1, која денеска стартуваше на патеката за ГН на Бахраин.

Леклер ја заврши патеката со 1 час 37 минути и 33 секунди, или за повеќе од 5 секунди побрзо од неговиот колега Карлос Сајнц. Трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес, кој стартуваше од петтото место.

Шампионот Макс Верстапен не ја заврши трката поради тоа што неговиот болид откажа пред финишот од трката.

Се вчитува...