Лекција од Алек Јончевски за Кочов сред Аеродром (фотогалерија)

МЗТ Скопје не може да влезе во ритам каков што посакува Ѓорѓи Кочов, па по победата во „Градски парк“ над Работнички, „металците“ вечерва целосно разочараа губејќи на домашен терен од Кожув.

Навистина, мислите можеби беа целосно насочени кон Спарс, но МЗТ со составот што го има Кочов на располагање треба да победува буквално секого дома. Впрочем, клучните играчи настапија вечерва, но одбраната беше катастрофална, 91 примен поен на домашен терен е доволна илустрација за тоа како Алек Јончевски одлично го имаше скаутирано својот поранешен клуб, постави вистинска тактика и целосно ја доби стратешката битка со Кочов.

За Кожув оваа победа значи и печат за влез во Супер-лигата, а за МЗТ Скопје – последна опомена пред полуфиналето од АБА2 против Спарс.

Се вчитува...