Лекција по човечност од навивачите на Борусија Дортмунд

Навивачите на Борусија Дортмунд вообичаено воодушевуваат со лојалноста кон клубот, атмосферата што ја создаваат на стадионот и фантастичните кореографии, но приврзаниците на „милионерите“ денеска ги собраа симпатиите на германската јавност со кампањата за помош на сите оние на кои таа им е неопходна во овој тежок период.

Имено, фановите на Борусија испратија писмо во кое јавно се понудија да купуваат артикли и да вршат курирски услуги за сите оние кои поради коронавирусот нема да бидат во можност да ги напуштат своите домови.

„Добар ден на сите, сите знаеме во каква ситуација сме поради коронавирусот и затоа нема да разговараме на оваа тема. Она што е важно е да се покаже солидарност и да се преземе одговорност за друштвото во целина. Сакаме да им помогнеме на луѓето кои спаѓаат во ризичните групи. 

Од 11 часот се до 17 часот ќе се понудиме да преземеме обврска за купување на артикли од маркетите и останати курирски служби, да им помогнеме на оние кои тоа не можат да го направат. Можете да се јавите на понудените телефони, ве молиме оваа услуга да ја користите само доколку навистина припаѓате на ризичните групи или пак се наоѓате во карантин. Обединети“, стои во писмото на навивачите на Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...