Лекција: „Топчиите“ потопени на „Енфилд“… (видео)

Ливерпул одигра извонреден натпревар на „Енфилд“, славејќи со убедливи 4-0 против Арсенал во дербито на 3. коло од Премиер лигата.

Четата на Јирген Клоп ја запиша втората победа сезона, и тоа на најдобар можен начин со феномелна партија „потопувајќи“ ги „топчиите“. Фирмино во 17. минута и Мане во 40. минута го најавија триумфот на „црвените“.

Потоа во второто полувреме, Салах од извонредна соло акција во 57. минута зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Стариџ во 77. минута.

All Goals – Liverpool 4-0 Arsenal 27.08.2017 by taftadarka2016

По овој триумф, Ливерпул со 7 бода се проби на делба на втората позиција на табелата зад Манчестер јунајтед кој има 9 бода.

Во вториот попладневен натпревар. Тотенхем ремизираше со Барнли, 1-1. Домашните преку Деле Али во 49. минута поведоа, но победата им ја украде Вуд во 90. минута.

All Goals & highlights HD – Tottenham 1-1… by livgol

Се вчитува...