Лекција за Романците – ракометот се игра 60 минути (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија стекна предност од 30-22 по првиот натпревар против Романија во првата нокаута фаза од квалификациите за СП 2023. Романците изгореа во скопскиот пекол кој ги приреди фантастичната публика која го обои СЦ „Борис Трајковски“ во црвено-жолто.

А, ракометарите предводени од Лазаров го скришија жилавиот отпор на противникот во финишот на мечот, уште еднаш докажувајќи дека во овој спорт се игра 60. минути. Фаворитската улога беше прифатена и потврдена па останува уште реванш средбата во Романија во сабота.

 

Се вчитува...