ЛЕЛЕ КАКВА ДРАМА: Ферстапен е нов светски првак, среќата му го сврте грбот на Хамилтон

Макс Ферстапен е новиот шампион на Формула 1 откако возачот на Ред Бул во една од најинтересните трки во историјата на овој спорт успеа да го мине Луис Хамилтон во последниот круг и да го освои првото место на трката во Абу Даби. Досегашниот светки првак има за што да жали ако се знае дека Хамилтон водеше од првиот до последниот круг, но среќата му го сврте грбот откако по излетувањето на Латифи на патеката влезе сигурносно возило, кое ја истопи неговата предност и му овозможи на Ферстапен да го мине во самиот финиш од трката.

Трката почна супердраматично, откако Хамилтон на самиот старт успеа да го мине Ферстапен, Холанѓанецот возврати со маневар на седмиот свиок, но британскиот возач остана на чело на колоната откако наместо по патеката мина право низ свиоците. Во Ред Бул се жалеа, но судиите не го казнија Британецот со враќање на позицијата, по што Хамилтон почна да ја зголемува предноста во однос на ривалите.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез прв заврши фантастична работа запирајќи го Хамилтон и намалувајќи ја неговата предност во однос на Ферстапен на само една секунда, но когас возачот на Мерцедес успеа да го мине Мексиканецот, тој потоа продолжи да ја зголемува предноста.

Се чинеше дека триумфот е загарантиран, но ситуацијата се промени на пет круга до крајот, кога Латифи излета при еден свиок, па во период кога Хамилтон имаше предност од десетина секунди, тоа се истопи со влегувањето на сигурносното возило на патеката. Тоа се повлече на еден круг до крајот, а Ферстапен на „посвежи“ гуми успеа веднаш да го мине Хамилтон и да стигне до победата која значи и шампионска титула.

Се вчитува...