Ленгле е изборот на Барса, доаѓа од Севилја за 30 милиони евра

Клемен Ленгле е изборот на Барселона во потрагата по нов дефанзивец. Иако претходно се шпекулираше со други имиња како Маркињос, Де Лигт и Кулибали, каталонците на фрајот се решија за 22-годишниот одбранбен фудбалер на Севилја, со кого веќе е постигнат и целосен договор.

Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека договорот е веќе постигнат, откако Ленгле ги прифатил понудените услови за петгодишна соработка. Со Севилја воопшто не се преговара бидејќи Французинот има клаузула од 30 милиони евра што Барса ќе ја плати за автоматски раскин на договорот со андалузискиот клуб.

Успешниот ангажман на Ленгле е најава дека Колумбиецот Мина ќе биде пуштен на позајмица, откако Колумбиецот се прикажа во слабо светло по пристигањето на „Камп ноу“. Следна задача за каталонскиот гигант е успешно да се финишираат преговорите за нов договор со Умтити, кој има клаузула од 60 милиони евра и би можел да си замине со оглед на интересот од Челси и од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...