Францускиот интернационалец Клемен Ленгле и во идната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид, но со перманентен договор, откако денеска предвреме го раскина договорот со Барселона, и се приклучи на „јорганџиите“.
Ленгле во минатата сезона го носеше дреост на Атлетико како позајмен фудбалер, и требаше да се врати во Барселона. Меѓутоа тој ја одби таа можност, и предвреме го раскина договорот кој му беше до крајот на овој месец, за веднаш да стане дел од „црвено-белите“ од Мадрид.
Ленгле дојде во Барселона од Севиља, но често беше испраќан на позајмици во Тотенхем, Астон Вила и Атлетико, па му „дојде преку глава“, и се реши да замине со перманентен трансфер.
Минатата сезона настапи во 23 меча во Ла Лига, и постигна два гола, а имаше и една систенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА