Ленглет и официјално е нов член на Барселона

Клемен Ленглет и официјално е нов член на Барселона, соопшти попладнево каталонскиот гигант потпишувајќи петгодишен договор со францускиот дефанзивец. Тој доаѓа на „Камп ноу“ од редовите на Севилја, откако Барса ја плати клаузулата од 35,9 милиони евра за раскин на неговиот договор со клубот од Андалузија.

Ленглет имаше серија извонредни настапи за Севилја пред се во Лигата на шампионите, одлично носејќи се со врвните голгетери ширум Европа, по што тренерот Валверде инсистираше токму овој играч да биде доведен како засилување за одбраната за наредната сезона. Новиот ас го очекува жестока борба за првотимски статус ако се знае дека Барса во своите редови веќе ги има Умтити и Пике, но затоа се очекува Мина да си замине во текот на овој преоден рок.

Ленглет е второ засилување на Барса летово, откако во текот на вчерашниот ден беше официјализирано и доаѓањето на Бразилецот Артур од редовите на Гремио.

Се вчитува...