Ленс до голема победа над Брест во битката за ЛШ

Фудбалерите на Ленс стигнаа до голема победа во борбата за Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеа против директниот конкурент Брест со минимални 1-0 како дел од 25. коло во Лига 1.

Клучниот момент се случи во 32. минута од натпреварот кога Рубен Агилар го постигна погодокот вреден три бода. И покрај поразот Брест останува на 2. место на првенствената табела со 46 бода, но сега само четири повеќе од 3. и 4. палсираните Монако и Ленс.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...