Ленс го преслуша и Рен и изби на чело на француската Лига 1

Фудбалерите на Ленс продолжуваат со неверојатните партии во францускиот шампионат. Тие вечерва на домашен терен го совладаа Рен со 2-1 во 4. коло и со тоа избија на првото место на табелата во Лига 1.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Фофана во 66. минута, а само четири минути подоцна преку Опенда зголемија и на 2-0. До крајот гостите успеаја само да го ублажат поразот со погодокот на Лаборд во 91. минута. Ленс во моментов е на првата позиција на табелата со десет бода, односно еден повеќе од Пари Сен Жермен кој утре треба да го одигра својот меч од 4. коло.

 

 

Се вчитува...