Ленс го расипа јубилејот на Паје

Олимпик Марсеј губи здив во трката за висок пласман во француската Лига 1 откако тимот на Сампаоли вечерва загуби на домашен терен од Ленс со 2-3. Денешниот натпревар беше јубилеен за Дмитри Паје, негов 600. меч во професионалната кариера, но големиот ас не можеше да се израдува на триумф без оглед на својата извонредна партија.

Ленс набрзина поведе со 0-2, но токму Паје со два гола за десетина минути (првиот од слободен удар, вториот од пенал) израмни на 2-2 уште во текот на првото полувреме. Марсеј имаше одлични можности за целосен пресврт, Ундер ја погоди гредата, Дие од непосредна близина шутираше само во гостинскиот голман, за што казната стигна на спротивната страна кога Саид го постигна победничкиот гол во 72. минута.

Ленс со оваа победа го прескокна Олимпик Марсеј и моментно е второпласиран со 15 бода, еден повеќе од вечерашниот домаќин. На врвот очекувано е ПСЖ со максимални 24 бода по првите осум кола од францускиот шампионат.

Се вчитува...