Ленс го шокираше и Олимпик Марсеј (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ленс продолжуваат да бидат фаворит во францускиот шампионат. Тие вечерва успеаја да слават со минимални 0-1 на гостувањето кај големиот фаворит Олимпик Марсеј во натпревар од 12. рунда во францускиот шампионат.

Како и секој друг на Марсеј и овој натпревар стартуваше тензично со многу жолти картони на теренот, но и на клупата за резерви. Сето ова доведе на полувреме да се замине со почетниот резултат 0-0.

Клучниот момент во мечот се случи во 78. минута кога Давид Коста го постигна погодокот за 0-1, кој на крајот се покажа како злато вреден.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...