Спектакуларно реми одиграа Брест и Ленс во францускиот шампионат. На крајот шест голови, и голем „кам-бек“ на Ленс со кој остана во игра за титулата.
Брест имаше предност од неверојатни 3-0 на полувремето, но сето тоа Ленс успеа да го стигне и да дојде до еден бод, кој иако може да биде недоволен во битката за трофејот со ПСЖ, но е подобро од пораз.
Гуиндо, Тусар и Дина Ебимбе донесоа 3-0 за Брест по првите 45. минути. Тој резултат беше активен до 60. минута кога Таувин намали, потоа Сима донесе 3-2, а Сент-Максимин во четвртата минута од судиското надополнување донесе и бод за второпласираниот тим на табелата во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
