Ленс ја продолжува трката со ПСЖ

Фудбалерите на Ленс стигнаа и до петата победа во француското првенство откако славеа на домашен терен против Ремс со 2-0 во деветото коло. Домаќините натпреварот го отворија со голот од белата точка на Калиумендо во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а конечниот резултат го постави истиот играч во 52. минута.

Со овој триумф Ленс ја продолжува траката со ПСЖ за првата позиција на табелата со 18 особени бода во првите девет кола, но и покрај тоа заостануваат шест бода зад „светците“ кои во осум натпревари имаат перфектен учинок.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...