Ленс не се предава: Со голем пресврт ја продолжи потерата по ПСЖ

Екипата на Ленс и натаму остана во трка за сензационално освојување на титулата во Франција, направи голем „кам-бек“ и од 0-2 славеше со 3-2 над Тулиз. Со тоа ја намали разликата со ПСЖ на само еден бод, но „Светците“ имаат два меча помалку.

Во 13. минута гостите имаа предност од 0-2. Касерес и Кумбаса донесоа предност за Тулуз. Меѓутоа голем хендикеп во 17. минута беше исклучувањето на Гбохо кај Тулуз.

Тоа го искористија фудбалерите на Ленс со три гола во вториот дел. Најпрво Абдулхамид во 61. минута намали, а потоа Томасон израмни, за Ганиу во првата минута од судиското надоплнување донесе голем триумф.

Се вчитува...