Ленс незапирливо чекори кон ЛШ (ВИДЕО)

Екипата на Ленс е блиску до обезбедување на место во квалификациите во Лигата на шампионите идната сезона, откако вечерва го совлада составот на Тулуз на гости со 0-1. Тимот на Ленс остана во игра дури и за второто место, затоа што сега заостанува само еден бод од Олимпик Марсеј, додека од првото место на ПСЖ заостанува шест бода.

Победата над Тулуз ја донесе Опенда во 33. минута, и ја продолжи одличната серија на резултати во оваа сезоната.

Токму следното коло на 6. мај ќе се решава за второто место кога Ленс на домашен терен го пречекува тимот на Марсеј, во директен меч за втората позиција, а можеби и за титулата ако ПСЖ направи уште некој кикс до крајот на сезоната.

Се вчитува...