Ленс прв финалист на францускиот Куп (ВИДЕО)

Одличната сезона на Ленс во Франција е зачинета и со финале на Купот, откако овој тим на домашен терен го совлада Тулуз во полуфиналето со убедливи 4-1. Со тоа Ленс и натаму сонува чудо, односно двојна круна во домашниот шампионат.

Ленс како домаќин брзо поведе со 2-0. Најпрво Таувин од пенал донесе предност, а потоа асистираше до Сент-Махсимин за 2-0 во 18. минута. Хидалго намали на 2-1 само три минути подоцна, а до крајот на полувремето Удол зголеми на 3-1.

Во вториот дел Томасон ги постави конечните 4-1.

Ленс во финалето ќе игра со подобриот од мечот Стразбур – Ница кој е на програмата утре.

Се вчитува...