Лео Меси – Ансу Фати: Тандем за историја во Лигата на шампионите

Шесткратниот освојувач на Златната топка, Лео Меси влезе во историјата на Лигата на шампионите по неколку уникатни постигнувања. На дуелот на Барселона против Ференцварош беше стреелц на гол од пенал и со тоа успеа да врзе 16 последовни сезони во елитното натпреварување со постигнат гол. Тој е вториот играч во историјата по Рајан Гигс со голови во 16 сезони од Лигата на шампионите.

Со голот против Ференцварош, Меси стана фудбалерот со најмногу голови во групната фаза од Лигата на шампионите. Тој дојде до бројката од 69 гола, нешто што никому досега не му успеало. Дополнување на успехот на Барселона беше и рекордот на младиот Ансу Фати кој стана првиот играч кој постигнал два гола во Лигата на шампионите пред 18-от роденден.

 

 

 

 

 

Се вчитува...