Лео Меси е позитивен на коронавирус!

Лионел Меси се надеваше на повеќе среќа во новата година во настапите за ПСЖ, но 2022 почна лошо за аргентинскиот фудбалски генијалец.

Францускиот гигант денеска објави дека најдобриот фудбалер на денешницата е позитивен на коронавирус и ќе мора да отсуствува извесно време од тренинзите и натпреварите на својот тим.

„Светците“ имаа задолжително тестирање пред мечот од Купот на Франција против Ван, при што добиле четири позитивни резултати. Покрај Меси, позитивни на Covid-19 се уште и Бернат, Рико и Битумезала.

Се вчитува...