Лео Меси уште две години на „Камп Ноу“

Преговорите за новиот договор меѓу Лео Меси и Барселона одат добро и се во напредна фаза, тврдат шпанските медиуми. Договорањето траеше подолго време, но двете страни се блиску до потврда на новата двегодишна соработка. И покрај коронакризата и финансиските импликации од неа, Аргентинецот ќе ја задржи платата од 550.000 евра неделно. Дополнителните детали од договорот би требало да бидат прецизирани во текот на летото.

Преговорите ги водел таткото на Меси со претседателот на клубот, Жосеп Бартомеу. Според овој договор, Меси останува во Барселона до 2023 година, но како што беше случај и во претходните договори, тој ќе ја има опцијата да си замине на крајот од секоја сезона. За овој услов Меси воопшто и не сакал да преговара.

Лео Меси ја минува 16. сезона во првиот тим на Барселона во кој се приклучи во 2004 година, има 477 натпревари за каталонскиот тим со 440 постигнати голови.

 

Се вчитува...