Леонардо: Гатузо останува тренер, а летово ќе нема звучни засилувања

Новите американски газди на Милан решија да го вратат Леонардо во клубот, овојпат со улога на спортски директор, а Бразилецот експресно ги демантираше гласините дека Антонио Конте е близу до преземање на кормилото на „росонерите“. Леонардо беше дециден на оваа тема – Џенаро Гатузо останува на чело на Милан откако поранешниот фудбалер лани успеа да го разбуди тимот од длабокиот сон.

„Се шпекулира со имиња, но ние ќе продолжиме со Гатузо. Насочени сме на носење на засилувања, сметам дека со тројца нови фудбалери би имале комплетен состав“ – истакна Леонардо.

Сепак, тој ги демантираше гласиите дека „росонерите“ се подготвени да тргнат во офанзива по Игуаин.

„Тој е голем играч и ние би сакале да го доведеме, но реалноста е поинаква. Имаме проблеми со финансискиот ферплеј од ланската сезона и затоа летово нема да можеме да донесеме звучно име“ – порача новиот директор на Милан.

Се вчитува...