Леонардо: Имајте трпение, титулите сами ќе си дојдат

ПСЖ успеа да ја врати титулата од Лига 1 во своите витрини на четири кола пред крајот на сезоната, но и покрај тоа раководството и играчите на „светците“ продолжуваат да бидат мета на критики поради елиминацијата од Лигата на Шампионите.

Еден од оние на кој најмногу му се замерува е Леонардо, спортскиот директор кој е „виновен“ за составување на тимот. Бразилецот сепак има друг поглед на работите и изјави дека навивачите мораат да имаат трпение.

„Го обожавам предизвикот кој го имам со ПСЖ. Да, тешко е, но истовремено и уживам во секој момент. И верувам дека во иднина ќе ја оствариме целта. Со мене е тешко, но без мене е невозможно. Сигурно дека направив некои грешки, меѓутоа морам да кажам и дека короната не извади од колосек. Донесовме фантастични играчи претходанта година. Тука се Меси, Серхио Рамос, Донарума, Вајналдум, Хамини и Мендеш. Потребно е време се тоа се вклопи. Имајте трпение, титулите сами ќе си дојдат, но не може преку ноќ“, изјави Леонардо.

Се вчитува...