Леонардо ја избра замената за Нејмар во ПСЖ

Малку време требаше за и новиот директор Леонардо да ги загуби нервите со Нејмар. Веќе стана јасно дека Бразилецот ќе си замине од ПСЖ, челниците на францускиот првак веќе не се ни обидуваат да го премислат, туку ја почнаа потрагата по негов наследник на „Паркот на принцовите“.

Медиумите во Франција објавија дека Леонардо веќе ја избрал замената на Нејмар – и тоа Аргентинецот Пауло Дибала од Јувентус. Иако постоеја гласини дека Јуве е подготвен да го понуди Дибала како дел од „пакетот“ за Бразилецот, сепак преговорите за негов ангажман ќе се водат издвоено од оние за Нејмар, кој во секој случај останува најблиску до Барселона.

Леонардо е убеден дека Аргентинецот со својот квалитет може да ја крене играта на ПСЖ на повисоко ниво, а фактот дека тој е достапен за отштета од околу 70 милиони евра го прави идеално засилување, во обид „светците“ со продажбата на Нејмар конечно и да ги „израмнат сметките“ кога станува збор за финансискиот ферплеј.

Се вчитува...