Леонардо ќе купува засилувања за Милан, одобрени 150 милиони евра

Италијанскиот калчолигаш Милан доби нов ветар во грб откако доби дозвола од Судот во Лозана да настапува во Лигата на Европа. Истовремено, дојде нов сопственик кој носи американски капитал, а ова лето ќе инвестира околу 150 милиони евра за нови засилувања. Со парите ќе располага Леонардо, некогашниот фудбалер и тренер на Милан, кој сега се враќа на раководна функција.

Леонардо беше и спортски директор на ПСЖ, и добро ги знае задачите и обврските. Тој ќе го замени Масимилијано Мирабели, а новите сопственици допрва треба да го именуваат и новиот извршен директор. Првиот човек на „Елиот менаџмент“, Пол Сингер, изјави дека неговата компанија апсолутно ја сфаќа одговорноста која ја преземала со купувањето на Милан и дека има доволно пари за да овозможи стабилност на клубот.

Што се однесува до засилувањата, се споменуваат повеќе имиња, а најголемото е Карим Бензема, кој од Реал Мадрид треба да пристигне во Милано.

 

Се вчитува...