Леонардо: Мбапе нема да замине од ПСЖ ни по крајот на сезоната

Килијан Мбапе ова лето беше блиску до премин во редовите на Реал Мадрид во трансфер вреден 200 милиони евра, но и покрај тоа што договорот на францускиот репрезентативец со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, „светците“ ја одбија богатата понуда на „кралскиот клуб“.

На оваа тема сега говореше и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кој даде детали од „лудилото“ во последните денови на преодниот рок, а притоа изјави и дека мисли дека Мбапе нема да замине ни по крајот на сезоната.

„Не бевме среќни со тоа како се однесуваше Реал Мадрид. Да започнете преговори со еден од најдобрите играчи на светот во последната недела од преодниот рок е ситуација која воопшто не беше пријатна за нас. Притоа сумата која ја понудија не беше доволна, беше слична на таа која ја плативме ние. Последната понуда за која говореа не ни дојде до нас. Не можете да го градите тимот два, три или четири месеци и драстично да ги промените плановите“, изјави Леонардо кој потоа додаде:

„Мислам дека Мбапе нема да замине ни на крајот на сезоната. Никој не ја гледа иднината на ПСЖ без Килијан. Односот на Килијан со ПСЖ е длабок. Тој претставува многу работи, не само поради тоа што е Французин и еден од најдобрите фудбалери на светот. Сите во ПСЖ сакаат да остане“.

Се вчитува...