Напад со Меси, Мбапе и Нејмар, средина со Верати, Ди Марија и Вајналдум, одбрана со Рамос, Хакими и Маркињос, на голот Донарума. Тимот кој го состави ПСЖ за новата сезона се чинеше дека ќе доминира и лесно ќе се „прошета“ до нови титули, но почетокот на сезоната откри многу слабости во редовите на „светците“.
ПСЖ победува, но и се мачи, поготово во одбраната која дозволи 11 голови во својата мрежа во француското првенство па во последните четири натпревари тимот од главниот град на Франција мораше да се враќа од негатива. Затоа „светците“ подлежат под критики во јавноста која често знае да прокоментира дека ПСЖ го „пали моторот“ откако противникот ќе поведе.
На оваа тема сега говореше и спортскиот директор Леонардо кој делумно се согласува со критиките, но и очекувано застана во одбрана на својот тим.
„Очигледно дека имаме многу работи да поправиме. Против Лил не игравме како што посакуваме, но напорно одработивме и стигнавме до три бода, а тоа е многу важно. Има и многу работи кои не ми се допаѓаат како критиките на кои подлежат нашите фудбалери без причина. Премногу е. Знаеме кој ни е тренер, знаеме какви фудбалери имаме во тимот, знаеме и дека не започнавме најдобро, но долга е сезоната и има многу време до крајот. Не играме според очекувањата, но почнавме да ги пробиваме сопстените лимити. Можеби не играме како што сакаме, но имаме десет победи, едно реми и само еден пораз. Десет чекори сме пред првиот пратилец на табелата и на добар пат сме“, изјави Леонардо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА