Леонардо: Не правете „мексиканска сапуница“ од случајот Нејмар

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо призна дека статусот на Нејмар се уште не е решен, но изрази надеж дека сите приказни околу заминувањето на Бразилецот ќе завршат до следниот преоден рок. Тој смета дека од целиот случај не треба да се прави „мексиканска сапуница“.

„Вистина е дека денеска не можеме да кажеме каква е неговата позиција во клубот. Но, не треба да правиме „мексиканска сапуница“ од сето тоа. Треба да се фокусираме на теренот. Тој е тука, дел е од тимот и тоа е тоа“, изјави Леонардо. 

ПСЖ во среда го дочекува Реал Мадрид во првиот меч во групната фаза од Лигата на шампионите, а Нејмар ќе мора да го пропушти поради суспензијата која ја заработи минатата година на мечот против Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...