Леонардо објасни: Имаме доверба во Покетино, никогаш не сме го контактирале Зидан

Пред неколку недели Маурисио Покетино, веќе беше виден на клупата на Манчестер Јунајтед, а Зинедин Зидан како негов заменик на клупата на ПСЖ. Многу причини имаше за напуштање на Париз, меѓутоа на крајот Покетино остана во ПСЖ, а Зидан и натаму бара ангажман. Во меѓувреме Ралф Рангник беше назначен за тренер на Јунајтед.

Сег аво интервју спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги разреши сите дилеми дека не се ни споменувала смена на Покетино.

„Покетино дојде пред една година кога имавме проблеми. Рековме дека е потребен да ги реши проблемите, и имаме доберба и трпение за него. Ги елиминираше Барселона и Баерн во ЛШ, изгубивме во полуфинале од Сити. Дојде летото и направивме екстра тим. Создавање на успех за овој тим не е лесно, како ни давање шанса секому. Потребно е време, создаваме нешто важно и сега се ближи јануари со голема шанса да направиме незаборавна сезона. Никогаш не сме го контактирале Зидан“, рече Леонардо кој додаде дека е оптимист дека Мбапе ќе остане дел од ПСЖ.

Се вчитува...