Леонардо сака да го доведе Лукас Пакета во ПСЖ

Францускиот првак Пари Сен Жермен сака во зимскиот преоден рок да се засили со Бразилецот Лукас Пакета од Милан. На трансферот инсистира спортскиот директор Леонардо, кој минатата година го доведе фудбалерот на „Сан Сиро“, каде ја извршуваше истатата функција. „Светците“ се подготвени да платат 30 милиони евра за фудбалерот за врска, но Милан бара најмалку 5 милиони евра повеќе.

Интересно е дека Леонардо минатата година за Пакета на Фламенго му плати 38,5 милиони евра и го доведе како големо засилување во Милан. Сепак, тој не успеа да се наметне во таборот на „росонерите“ со целиот потенцијал. Леонардо верува дека би можел да блесне целосно во редовите на Пари Сен Жермен.

Едно е јасно, Пиоли не смета на бразилскиот плејмејкер, кој до крајот на преодниот рок речиси сигурно ќе си замине од „Сан Сиро“.

Се вчитува...