Леонардо: За жал, не се случи она што го очекувавме од Рамос!

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо проговори за ситуацијата со дефанзивецот Серхио Рамос во тимот. На Шпанецот сезонава не му се посреќи со неговото здравје, па често беше повреден и постојано беше принуден да отсуствува од терените.

Леондардо истакна дека тимот на „светците“ досега не го добиле тоа што го очекувале од Рамос.

„Кога потпишавме со Рамос, тој беше во одлична физичка форма. За жал, не се случи она што го очекувавме. Во оваа ситуација, тоа е тешко за сите … како за него, така и за нас. Но, нашите планови се јасни. На денот кога ќе кажеме дека Серхио повеќе не може да игра, се ќе им стане јасно на сите. Но, тоа не е така. Долгото отсуство го спречува Рамос да ја преземе лидерска улога. Нема да донесуваме избрзани заклучоци, бидејќи сезоната се уште не е завршена. Но, не се плашам да преземам одговорност за грешките кога ги правам“, изјави Леонардо за ‘L’Equipe’.

Се вчитува...