Леонардо жестоко против Мбапе: Килијан никогаш не бил лидер, мора да си замине за доброто на ПСЖ

Поранешниот директор на ПСЖ, Леонардо, жестоко го критикуваше однесувањето на Килијан Мбапе и уцените што голгетерот ги испраќа до својот клуб летово.

Според Леонардо, францускиот првак мора што поскоро да се ослободи од Мбапе, кој станува сериозен проблем за клубот од „Паркот на принцовите“.

„За доброто на ПСЖ, Мбапе мора да си замине, без разлика како и каде, тоа мора да се случи веднаш. Разочарувачки е, но со своето однесување во последните две години, Мбапе покажа дека не е лидер, никогаш не бил лидер и прашање е дали некогаш ќе стане. Да, тој е одличен фудбалер, но не е лидер. Тој е одличен стрелец, но не е креативна личност, затоа е тешко да се изгради тим околу него“, изјави Леонардо.

Се вчитува...