Лесен ден за Федерер и за Вавринка на Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер лесно се пласираше во третото коло на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој беше подобар од Германецот Оскар Оте и славеше со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-4). Во следното коло, Федерер го очекува дуел против Каспер Руд, кој е 63. тенисер во светот.

Неговиот сонародник Станислас Вавринка исто така рутински обезбеди пласман во следната рунда. Тој го совлада Кристијан Гарин со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-0).

Кај дамите, Јоана Конта со 2-1 во сетови беше подобра од Лорен Дејвис, а мечот го продаде Кики Бертенс.

Се вчитува...