Лесјак од Еурофарм Пелистер во Топ 5 одбрани во Лигата на Европа (видео)

Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз на домашен терен од Фуксе Берлин, меч во кој германскиот тим тотално доминираше полнејќи ја мрежата на македонскиот вицепрвак.

Слаба утеха за „пелистерци“ е што нивниот голман Урбан Лесјак се најде во Топ 5 листата на најдобри одбрани во ова трето коло од Лигата на Европа на ЕХФ.

Словенецот на голот на Еурофарм го освои петтото место со запрениот зицер на Вујовиќ, кога го одбрани обидот од контранапад на крилото на Берлин.

Се вчитува...