Искусниот англиски дефанзивец, Џолеон Лескот, денеска беше претставен како ново засилување на премиерлигашот Сандерленд, кој грчевито води битка за опстанок во Премиер – лигата.
Негов последен клуб во кариерата беше АЕК Атина, но неговата кариера во последните неколку сезони е во пад, а ќе остане во тимот на Дејвид Мојс до крајот на оваа сезона и дојде како слободен играч.
После 22 одиграни натпревари во англиското првенство, Сандерленд е на последната позиција со 15 бода, а челниците на клубот веруваат дека искуството на Лексот ќе биде од големо значење за екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА