Лесна победа за Гостивар, стабилно го држи четвртото место

Гостивар ја забележа четвртата победа во суперлигашката домашна кошаркарска конкуренција тирумфриајќи лесно на домашен терен над Кожув со 84-72 во дуелот од 5.коло. Триумфот гостиварци го најавија веќе во воедната четвртина која ја добија со 10 поени разлика (26-16), потоа до полувремето побегнаа на два поени плус, а на до крајот од третиот сегемент додадоа уште два за со 14 поени дистанца да влезат во завршните 10 минути од средбата. Последниот период беше израмнет, но беше далеку од резултатски неизвесен.

Ефианаи со 23 и Костоски со 20 поени беа поентерски лидери кај Гостивар. Кај Кожув, Кесар беше далеку пред остатокот од тимот и уфрли 35 поени. Само уште Ивеља беше двоцифрен со 12 поени.

Гостивар е стаблен на четвртата позиција на табелата со вкупен биланс од 18 поебеди и седум порази и 43 бода, додека Кожув е на петтото место со ефект од 13/12 и 38 бода.

Во првиот натпревар од 5.коло, вчера Блокотехна го победи Куманово со 80-65, а во тек е дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Се вчитува...