Лесна победа за Наполи против Специја… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи дојдоа до лесна победа од 1-4 на гостувањето против Специја во 35. коло од Серија А, со која се издвоија на втората позиција на табелата во италијанскиот шампионат.

Триумфот на „наполитанците“ беше обезбеден со три гола уште во првото полувреме. Зјелински погоди во 15. минута, а Осимхен беше стрелец на следните два гола, во 23. и во 44. минута.

 

Удинезе ремизираше (1-1) на дуелот против Болоња.

 

Се вчитува...