Лесни победи на Зверев и Димитров

Германецот Александер Зверев се пласираше во 3. коло на првиот грандслам во сезоната, Австралија опен откако триумфираше над Американецот, Максим Креси со максимални 3-0, по сетови 7-5, 6-4 и 6-3. Во првите два сета по еден брејк беше доволен за Германецот, додека во третиот успеа два пати да го брејкне противникот и да закаже дуел со Французинот, Адриан Манарино.

До лесна победа стигна и Бугаринот, Григор Димитров кој ја совлада домашниот тенисер Алекс Болт со 3-0 (7-6, 6-1 и 6-..). Димитров проблем имаше само во првиот сет во кој мораше преку тај-брејк да стигне до предност од 1-0. Во 3. рунда Бугаринот ќе игра со Шпанецот, Пабло Карено Буста.

Се вчитува...