Лесни победи за Работнички и за Гостивар

Бранителот на титулата во домашниот кошаркарски шампионат, Работнички не го испушта врвот на табелата и по 21. коло во домашното првенство. Со 16-та сезонска победа, Работнички повторно е на бод предност пред градскиот ривал, МЗТ Скопје Аердором. Тимот од „Градски парк“ триумфираше со 84-61 на домашен паркет во пресметката со Вардар.

Шампионот имаше двоцифрена предност уште по воведната четвртина, сигурна предност на паузата и беше повторно убедлив и во третиот период. Единствено потфрли во последната четвртина во која постигна само 11 поени.

Чавдар Костов со 16 поени беше прв стрелец кај Работнички, Дино Радош со 10 поени беше најефикасен кај Вардар.

Гостивар немаше никакви проблеми за триумф над Охрид. Славеше со 92-55. Гостиварци беа супериорни во текот на целата пресметка. Сигурна предност изградија веќе до полувремето, а доминираа до крајот на мечот, особено беа убедливи во завршната четвртина.

Фустингер со 23 поени беше прв стрелец во победничкиот состав, Ефианаи постигна 14, Димитриевски 12, Трајковски заврши со 11 поени. Кај Охрид, Андрејевиќ беше прв стрелец со 15 поени. Гостивар е четвртопласиран на табелата со биланс 14/5.

Се вчитува...