Лесно му е на Сити со Семењо, победа и на Астон Вила

Манчестер Сити го продолжува ловот на Арсенал во трката за титулата откако „граѓаните“ славеа рутински со 3-0 на домашен терен над Фулам. За разлика од дуелот со Ливерпул пред неколку дена, овојпат избраниците на Гвардиола беа мирни во финишот, откако целата работа си ја завршија во првото полувреме.

Семењо беше човекот на одлука, зимското засилување од Борнмут го отвори резултатот, а потоа асистираше до О’Рајли при погодокот за 2-0. Конечните 3-0 во првото полувреме ги постави Ерлинг Халанд.

Астон Вила конечно успеа да триумфира, само втора победа за тимот на Унаи Емери во последните шест кола, премалку за да може да го одржи чекорот со водечките екипи на табелата. Вила вечерва беше подобра од Брајтон со 1-0, и тоа со голот што на четири минути пред крајот го постигна дефанзивецот Мингс.

Во третиот меч од вечерашната програма, Нотингем Форест ремизираше 0-0 на домашен терен против „ференџијата“ Вулверхемптон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...