Лестер и ВБА ги поделија бодовите на „Кинг пауер“

Екипата на Лестер ремизираше против ВБА со резултат од 1-1 во рамките од 8. коло од Премиер-лигата. И двете екипи беа во обид да ги прекинат непосакувачките серии од пет меча без триумф, кои ги продолжија и по оваа пресметка.

Домашниот состав не ги искористи шансите да стигне до водство во првиот дел, па затоа во 63. минута од средбата стигна казна.  Екс-фудбалерот на Тотенхем, Насер Чадли со прекрасен погодок од слободен удар го совлада голманот на „лисиците“ Шмајхел, и донесе значајно водство на ВБА. Лестер во завршницата стигна до израмнувачки погодок преку Ријад Марез, кој брзо се снајде пред голот на гостите по центар-шутот на Шилвел.

Лестер по 8 кола е на 18. место на табелата, со освоени шест бода и една едиствена победа, додека ВБА сега е на средината од табелата на 10. место со 10 освоени бодови.

https://www.youtube.com/watch?v=V5x2PXHbvVEhttps://www.youtube.com/watch?v=5CzDo43nwKs  

Се вчитува...