Лестер ќе го преименува стадионот во чест на загинатиот претседател

Од фудбалскиот клуб Лестер најавуваат дека размислуваат преку итна постапка, согласно правните акти на клубот, да го преименува стадионот „Кинг Пауер“ во чест на трагично загинатиот претседател Вишаи Шривадханапрахба.

Тајландскиот милјардер загина во хеликоптерската несреќа што се случи во саботата вечер во близина на стадионот на клубот по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем.

Според најавите новото име на стадионот би било „Кун Вишаи“ во чест на загинатиот сопственик на „лисиците“.

Се вчитува...