Лестер направи хаос во групата на Елмас – последното коло ќе одлучува се

Лестер славеше со 3-1 на домашен терен против Легија во 5. коло од Лига Европа и со тоа ги закомпликува работите во групата „Ц“ каде е и Наполи на нашиот Елиф Елмас.

До победата англискиот тим го предводеа Дака и Мадисон со голови во 11, односно 21. минута, а откако во 26. минута на 2-1 намали Младеновиќ, Ндиди во 33. минута ги донесе домаќините до нова предност од два гола која остана на семафорот и до крајот на мечот.

Со овој триумф Лестер се искачи на врвот на табелата со осум освоени бода пред Спартак Москва и Наполи кои имаат еден бод помалку. Зад нив е Легија која со шест бода сеуште е во игра за пласман во нокаут-фазата.

Во последното коло кое ќе биде и одлучувачко за конечниот пласман на местата кои водат во следната фаза Наполи и Елмас на домашен терен го пречекуваат Лестер, додека Спартак Москва гостува кај Легија.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...