Лестер тагува: Единствениот омилен во ерата на омразени фудбалски газди

Во плејадата пребогати сопственици од Русија и од арапскиот свет, кои на многу начини се заканија дека ќе ја изместат рамнотежата во фудбалскиот свет, сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха, беше единствениот кој го сакаа навивачите. Дури и кога го избрка Клудио Раниери и кога се караше со Ријад Марез. Затоа што на градот му го оствари сонот.

Во 2010 година го купи Лестер за во моментов премали 39.000.000 фунти. Го внесе во англиската елита во 2014, веќе во 2016 освои титула. Сега вредноста на Лестер се мери со стотици милиони, ако не и милијарди фунти. Навивачите на ова не се надеваа ниту во најлудите соништа.

Шривадханапрабха го исчисти долгот на Лестер од 100.000.000 фунти. Донираше еден милион фунти на Универзитетот во градот, донираше и два милиони фунти на детскиот оддел во болницата во Лестер.

Сепак тој беше миленик на јавноста поради тоа што луѓето го чувствуваа близок. Знаеше да освои, честеше пијалоци, донираше шалови, за сите имаше торта на неговиот роденден и пита за Божик. За секој фудбалер имаше автомобил BMW по освојувањето на титулата. Доведе будистички монаси да ги благословат фудбалерите. Ги насмеа сите овој потег.

Затоа никој и не му земаше за зло што се збогатил откако од поранешниот премиер на Тајланд го добил монополот на фри-шоповите во земјата. Ниту за тоа што секогаш знаел да ја купи и наклонетоста на политичарите. Но, знаел да ја купи и јавноста. И со мали, но и со големи работи.

Шривадханапрабха во работата на клубот ги инволвираше и четирите деца. Беше познат по тоа што се дружеше со кралското семејство, беше љубител на полото, на обложувањето и на доброто вино.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...