Лестер убедливо против ВБА, кој се поизвесно се сели во понизок ранг (ВИДЕО)

По двата претходни порази, Лестер се врати на победите во Премиерлигата триумфирајќи убедливо со 3-0 против ВБА во 32. коло.

Лестер целокупната задача на натпреварот си ја заврши во првото полувреме. Варди во 23. минута, Еванс во 26. минута и Ихеаначо во 36. минута постигнаа три гола кои на крајот беа за конечни 3-0.

По оваа победа, Лестер со 59 бода се зацврсти на третата позиција, додека ВБА се поизвесено чекори кон понизок ранг на натпреварување следната сезона.

Се вчитува...